Олисе ги полни батериите во жешко друштво на јахта, за момент се занесе и заборави дека го снима камера (ВИДЕО)

Мајкл Олисе ги полни батериите по настапот на Светското првенство, но еден момент од луксузниот одмор предизвика големо внимание на социјалните мрежи.
Фудбалерот на Баерн Минхен се наоѓа на одмор со пријатели, а снимката направена на јахта брзо се прошири на интернет. Французинот, очигледно несвесен дека камерите се во негова близина, целосно се опуштил.
Michael Olise profite pleinement de ses vacances 😭 pic.twitter.com/kN8wfPC0BF
— Vibes Foot (@VibesFoot) July 30, 2026
Олисе зад себе има сезона за паметење. Иако Франција не успеа да го освои Мундијалот, офанзивецот остави одличен впечаток во дресот на „Триколорите“.
Неговите настапи привлекоа внимание и од Реал Мадрид, кој според некои информации бил подготвен да понуди повеќе од 200 милиони евра. Сепак, Баерн јасно стави до знаење дека играчот не е на продажба.
Олисе во Баерн пристигна од Кристал Палас, а за германскиот гигант досега одиграл 107 натпревари со учинок од 42 гола и 54 асистенции.



