Connect with us

Фудбал

Бенфика беше разочарана од потегот на Кавани, а поради парите му рекоа дека е безобразен

Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани се уште е слободен агент откако му истече договорот со ПСЖ.

Кавани е без клуб повеќе од еден месец, па дури и ПСЖ не ја продолжи соработката со него со цел да игра натпревари во Лигата на шампионите. 33-годишниот напаѓач е во Уругвај каде вредно се подготвува за новата сезона.

Во минатото Кавани се поврзуваше со Интер и со Атлетико Мадрид, но во последните неколку недели фудбалската јавност буеше за тоа како искусниот Уругваец ќе ја продолжи кариерата во Бенфика.

Преговорите меѓу Кавани и Бенфика траат веќе неколку недели и се чинеше дека патот кон Лисабон дефинитивно беше тој по кој ке замине Кавани. Но, португалските медиуми денес пишуваат дека има неочекуван пресврт.

loading...

Имено, Кавани бара од Бенфика тригодишен договор вреден 20 милиони евра, што клубот не е во можност да го понуди. Тие се обидоа да ја намалат висината на платата, но Кавани не се согласи со тоа.

Бенфика им порача на своите претставници да се откажат од преговорите, а сега не е воопшто јасно каде Кавани би можел да ја продолжи кариерата. Клубот е разочаран од фактот што Кавани воопшто не сака да преговара за плата, па не очекуваа дека ако се земе предвид колку пари заработи играјќи за ПСЖ.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com