Connect with us

Фудбал

Бенфика ги „победи“ Интер и Јувентус: Mлад Бугарин пристигна во Лисабон

Трансферот во еден од најголемите европски клубови не е секогаш најдобриот потег за млади, талентирани играчи.

Сепак, постојат и клубови кои се познати по развојот на млади играчи, одличните младински погони и филозофијата што побрзо да им се даде шанса на младите фудбалери во сениорскиот фудбал.

Еден од тие клубови е секако Бенфика, и веројатно поради тоа, бугарскиот фудбалер Калојан Костов избра трансфер во редовите на лисабонскиот клуб.

Имено, Интер и Јувентус исто така беа заинтересирани за овој исклучително талентиран 16-годишен дефанзивец / играч за врска, но тој денес беше официјално претставен како нов играч на Бенфика.

Костов така се приклучи на младинскиот тим на Бенфика со надеж дека во следните неколку години ќе добие шанса во првиот тим.

Досега, Костов беше член на бугарскиот второлигаш ПФЦ Септември Софија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com