Бензема: Сега играм за азискиот Реал Мадрид
E R5 фев 2026

Францускиот напаѓач Карим Бензема по трансферот од Ал Итихад во Ал Хилал изјави дека направил трансфер во еден од најголемите клубови во Азија. Французинот дресот на Ал Хилал ќе го носи до 2027 година.
– Среќен сум што сум тука. Тоа го видов и по првиот тренинг со оваа екипа. Ал Хилал е клуб со богата историја. Имаат освоено многу трофеи, нешто налик на Реал Мадрид. Се е навистина сјајно – навивачи, играта, екипата и секако менталитетот на победници, изјави 38 годишниот Бензема.
Тој дресот на Реал Мадрид го носеше од 2009 до 2023 година, а оваа сезона на 14 натпревари во лигата на Саудиска Арабија постигна осум голови.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



