SportM
Фудбал

Бернардески: Горд сум што Барселона покажа интерес за мене

Д М4 фев 2020
Бернардески: Горд сум што Барселона покажа интерес за мене

Федерико Бернардески призна дека е горд на информациите дека Барселона покажа интерес за него, и покрај тоа што Јувентус стави до знаење дека не е подготвен да дозволи продажба на играчот за кој станува збор.

Бернардески ги коментираше информациите дека Барселона е заинтересирана за неговите услуги.

„Горд сум што Барселона покажа интерес за мене, тоа е добро. Кога врвните клубови се интересираат за вас, тоа е супер, само што веќе играм за еден од најдобрите клубови во Европа“, изјави Бернардески.

Бернардески е дел од Јувентус од летото 2017 година, кога беше префрлен за 40 милиони евра од Фиорентина. Тој има постигнато девет гола на неговите 91 настапи досега.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 25-годишниот Италијанец на 40 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.