Бернардо Силва и Гундоган ја срушија Астон Вила и го лансираа Сити на првото место!

Во преостанатиот натпревар од 1. коло во Премиер лигата, фудбалерите на Манчестер Сити вечерва стигнаа до тешка, но златна победа против Астон Вила со минимален резултат 1:0.
Ова беше деветта врзана победа на тимот на Пеп Гвардиола во сите натпреварувања, односно шеста во Премиер, по што сега се лидери на табелата со 38 бода.
Гледавме многу отворен натпревар од обете страни, и гостите и домашниот тим имаа шанси, но на крајот граѓаните славеа благодарение на головите на Бернардо Силва во 79.минута и Гундоган во последната минута од мечот од белата точка.
Натпреварот ќе остане запаметен по неверојатното промашување на Бернардо Силва во четвртата минута кога не погоди од одлична позиција. За голема промашување, тој се искупи малку подоцна кога го искористи додавањето на Родри и убаво погоди.
Целата приказна за победникот ја заврши Гундоган со рутински погодок од 11 метри за нова, 11-та победа на „граѓаните“ оваа сезона.
Премиер лига, 1 коло:
Манчестер Сити – Астон Вила 2:0



