„Бесмртниот“ Меси собори 12 рекорди на Мундијалот!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, беше главната приказна на неодамна завршеното Светско првенство во Катар. Неговата Аргентина ја освои светската титула, а 35-годишниот капитен на „гаучосите“ на нацијата и ја донесе златната „Божица“.
Меси беше прогласен за најдобар играч на турнирот, а во Катар генијалната „десетка“ собори дури 12 светски рекорди.
1. Најмногу настапи – 26.
2. Најмногу асистенции -9.
3. Единствениот играч кој постигнал барем по еден гол во секоја фаза од Светското првенство од форматот со 32 играчи.
4. Најмногу одиграни минути – 2314.
5. Единствениот играч кој забележал барем една асистенција на секое Светско првенство на кое учествувал.
6. Единствениот Аргентинец кој постигнал гол на четири различни светски првенства.
7. Фудбалер кој најмногу пати бил капитен – 18.
8. Најмногу директни учества во голови – 22 (13 гола и 9 асистенции).
9. Најмладиот фудбалер кој играл на пет светски првенства до 35 години.
10. Најмногу награди за играчот на натпреварот – 11, што значи дека е прогласен за најдобар во 42 отсто од одиграните игри.
11. Најдолго растојание меѓу првиот и последниот гол – постигна во 2006 година против Србија и Црна Гора, последен во финалето против Французите во 2022 година.
12. Најстариот фудбалер кој постигнал гол и асистираше на исто Светско првенство – 35 години, 5 месеци и 19 дена.
Величествениот, Лионел Меси.



