SportM
Фудбал

Бетис ја постави цената за Фекир

Д М20 апр 2020
Бетис ја постави цената за Фекир

Набил Фекир би можел да го напушти Бетис во текот на летото.

Имено, овој Французин е на мета на Арсенал, како и неколку други клубови.

Сепак, трансферот нема да биде лесен, со оглед на тоа што неговиот клуб постави цена од 50 милиони евра.

Фекир дојде во Бетис од Лион за 20 милиони евра и 20 проценти од наредната продажба.

Настапите на Фекир за Бетис покажаа дека тој може да игра на највисоко ниво. Тој одигра 23 натпревари во Шпанија, постигнувајќи седум гола со шест асистенции.

Дали тоа ќе биде доволно за трансферот останува да се види.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.