SportM
Фудбал

Би го нокаутирал Винисиус за 10 секунди, дефанзивецот со „остри стрели“ кон Бразилецот

E R5 јан 2025
Би го нокаутирал Винисиус за 10 секунди, дефанзивецот со „остри стрели“ кон Бразилецот

Фото: tv21m

Ќе го нокаутирам Винисиус за 10 секунди. Ова би можело да биде најгледаната борба во историјата, изјави Пабло Мафео, одбранбениот фудбалер на Мајорка за евентуален бокс меч со крилниот напаѓач на Реал Мадрид.

Секако ова е шеговита изјава на Мафео на каналот на „YouTube INDÓMITOS TV“.

Изјавата на Мафео е одговор на прашање за неговата стратегија за настап против бразилското крило на Реал Мадрид.

-Ќе се обидам да го заплашам за да видам дали можам да го извадам од игра, додаде Шпанецот.

Познато е дека Винисиус лесно се провоцира, па останува да се види неговата реакција на изјавата на Мафео.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.