„Би се обложил во 100 евра дека Халанд ќе остане во Борусија“

Еден од челниците на Борусија, Себастијан Кел изјави дека е подготвен да се обложи во 100 евра дека Ерлинг Халанд ќе остане во Дортмунд.
Младиот норвешки фудбалер потпиша договор до 2024 година, но веќе се најавува дека ќе ја промени средината на крајот од оваа сезона, бидејќи за него се заинтересирани најсилните европски клубови.
Сепак, од Борусија велат дека нема да го пуштат така лесно.
„Сакаме тој да почувствува дека Дортмунд сепак е вистинската адреса за него. Дека тука ќе може да напредува. Можеби можеме да го убедиме. Ќе се бориме за него, ќе направиме се што е до нас. Одлуката се уште не е донесена, но би се обложил 100 евра дека ќе остане“, изјави Кел.
Халанд во моментов е надвор од тимот поради обновена повреда на мускулот, а германските медиуми пишуваат дека тој нема да се врати на терените до крајот на годината.



