SportM
Фудбал

Билд: Само еден клуб разговараше за трансферот на Халанд

Д М17 дек 2021
Билд: Само еден клуб разговараше за трансферот на Халанд

Иако се зборуваше за преселба во Реал Мадрид, а потоа и за трансфер во Барселона, ниту еден од овие тимови не беше директно заинтересиран за Ерлинг Халанд.

Според германскиот весник „Билд“, единствениот тим кој имал конкретни дискусии за Норвежанецот е Манчестер Јунајтед.

Асот во ракавот на „црвените ѓаволи“ е односот што го има новиот тренер Ралф Рангник со Халанд. Германецот е тој што придонесе за трансферот на Халанд од Молде во Салцбург, во јануари 2019 година, кога напаѓачот имаше само 18 години и кога се уште беше непознат за многу тимови.

Халанд треба да си замине од Борусија Дортмунд на крајот од сезоната, кога отштетна клаузула треба да изнесува 75 милиони евра, што е прифатлива цена за многу клубови, вклучително и Јунајтед, но има уште многу трошоци поради платата на играчот и бонусите кои припаѓаат на неговиот татко и неговиот управител.

„Сан“ пишува дека Халанд има услов за Манчестер Јунајтед – мора да игра во Лигата на шампионите доколку сака тој да дојде на лето. Има уште доволно време до крајот на сезоната, но моментално Јунајтед е на 5. место, но за очекување е да се пласира во најелитното клупско натпреварување.

Халанд оваа сезона постигна 19 гола со пет асистенции на 15 официјални натпревари за Борусија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.