SportM
Фудбал

Благодарение на победата на Челзи над Сити, Ливерпул по 30 години повторно стана шампион на Англија

Д М25 јун 2020
Благодарение на победата на Челзи над Сити, Ливерпул по 30 години повторно стана шампион на Англија

Манчестер Сити вечерва ја изгуби трката за титулата шампион на Англија.

На вечерашниот натпревар помеѓу Челзи и Манчестер Сити, избраниците на Лампард славеа победа од 2:1.

Со оваа победа на Челзи, Ливерпул стана шампион на Англија, за прв пат по 30 години.

Ливерпул оваа сезона одига фантастично, на 7 кола до крајот на првенството има предност од 23 бода, пред Манчестер Сити.

Резултатот на вечерашниот натпревар го отвори Пулишќ во 36. минута за водство на Челзи, потоа Де Брујн изедначи во 55. минута, а пресудниот гол го постига Вилијан од пенал во 78. минута.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.