Connect with us

Фудбал

Благоја Милевски: Ќе им порачам на момците да уживаат во натпреварот!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски со пофали зборови за фудбалерите на македонскиот национален тим. Вели дека е горд што имал можност да работи со една ваква група, која ја има сега. Пред утрешниот меч со Белгија, не ја пропушти можноста да ги пофали сите за досегашниот тек од квалификациите за СП. Вели неговата цел кога ја превземал селекторската палка било да создаде респектабилен состав, кој би бил меѓу најдобрите во Европа.

-Горд сум на нашите фудбалери, не само на овие квалификации, туку на сето она што го пкажаа во изминаите 8 години, со пласманот во Лига на нации, со конкурентноста во нашата група, скоро обезбеден плеј офф за СП, втор пат по ред. Атмосферата во нашшиот тим што владее е движечката сила. Максимален респект за Белгија, тие и натаму се фаворит во група, имаат инзвореден играчки ростер. Се надевам дека што повеќе ќе останеме конкурентни, па да видиме што ке биде.

Вели, Милевски кој притоа додава дека единственото нешто што ќе им го каже пред да истрчаат на теренот е уживајте во мечот.

Дефанзивецот Висар Муслиу вели дека мора да одиграат дисциплинирано, сите како еден, бидејќи лесна мисија немало никогаш, а особено против селекција каква што е Белгија.

-Лесна мисија нема, тоа знаме уште од собирот. Иако го нема Лукакум тука ќе биде Опенда, Баштуаи и другите, можеби не се на ниво на Лукаку, ама се фудбалери на ниво од ЛШ. Како тим треба да се спротивставиме еден од најдобрите напади и офанзивни играчи. Сите да бидеме на ниво како во Скопје и да ја постигнеме целста, вели Муслиу.

Мечот се игра во петок во 20:45 на Планет Груп Арена во Гент, Белгија.