SportM
Фудбал

Блеска со Интер оваа сезона, Барселона се приклучи на листата клубови кои го сакаат!

SPORTM.mk13 окт 2026
Блеска со Интер оваа сезона, Барселона се приклучи на листата клубови кои го сакаат!

Енди Диуф може без сомнение да се смета за едно од најголемите изненадувања оваа сезона во Серија А. 23-годишникот направи фантастични настапи со Интер досега, што му донесе и прв повик во француската репрезентација и негово деби со „Петлите“.

Импресивните настапи на Енди Диуф не останаа незабележани од големите клубови во Европа. Според Caught Offside, досега за францускиот играч за врска има конкретен интерес од Арсенал, Челси, ПСЖ, а неодамна и Барселона се вклучи во трката за него.

Досега сме уште во фаза на интерес и за време на јануарскиот трансфер-период не се очекува да има конкретен чекор за негов трансфер, но во лето сè може да се случи, доколку Французинот продолжи со ова темпо.

Се потсетуваме дека Интер плати околу 25 милиони евра за Диуф од Ланс во летото 2025 година, заедно со бонусите. Во случај на постојано инсистирање од погореспоменатите клубови, Интер може да дозволи негово заминување за сума не помала од 60 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.