Поврзи се со нас

Фудбал

Боатенг „нема идеја“ за плановите на клубот: Изненаден сум …

Германското списание „Билд“ претходните денови објави дека Баерн решил да не му нуди континуирана соработка на искусниот дефанзивец Жером Боатенг.

Управата на баварскиот гигант наводно на состанокот одлучила дека нема да му понуди нов договор на 32-годишниот фудбалер, а тоа би значело дека тој ќе го напушти клубот како слободен агент летото 2021 година.

Боатенг, сепак, изрази голема зачуденост од оваа информација и даде интересна изјава за Sportbuzzer.

„Никој не разговараше со мене и навистина не знам ништо за тоа. Изненаден сум. Се чувствувам како тренерот и клубот да ме ценат мене, исто така и соиграчите. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Боатенг.

Боатенг е член на Баерн од 2011 година. Одигра 333 натпревари за клубот и ги освои апсолутно сите можни трофеи.

loading...

Facebook