SportM
Фудбал

Боатенг се враќа во Англија после скоро 10 години

Д М6 апр 2020
Боатенг се враќа во Англија после скоро 10 години

Џером Боатенг веќе некое време е на излезната врата на Баерн и се чини дека претстојниот преоден рок е вистинското време да си замине.

Се чини дека Боатенг чека враќање во Англија каде претходно играше за Манчестер Сити. Овој пат, дестинација треба да биде Лондон.

За 31-годишниот стопер, кој од неодамна е во пад на формата, заинтересирани се градските ривали Челзи и Арсенал. Тимови на кои дефинитивно им треба освежување во задните редови.

Баотенг има договор со Баерн до летото 2021 година. Засега нема индикации за продолжување на соработката и за тоа ќе се обидат лондонските клубови да го доведат.

Патем, Боатенг минатата недела го прекрши правилото за карантин. Тој отиде да го посети својот болен син без лиценца, направи сообраќајна несреќа и на крајот заработи опомена и парична казна.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.