SportM
Фудбал

Бобан и Малдини им објаснија на играчите зошто си заминуваат

Д М3 мар 2020
Бобан и Малдини им објаснија на играчите зошто си заминуваат

Звонимир Бобан и Паоло Малдини го напуштаат Милан, јавуваат италијанските медиуми.

Многу бура кај тамошната јавност беше предизвикана од интервјуто дадено од Бобан, во кое го обвини извршниот директор Иван Газидис дека работи зад грб, а епилогот за целата приказна е – отпуштања од работа.

Имено, извршниот директор на Милан реши да ги отстрани Бобан и Паоло Малдини од функциите на главните оперативци во Сан Сиро, а Италијанците известуваат дека е само прашање на време пред „росонерите“ да ги потврдат овие информации на својата официјална страница.

Не е тајна дека дуото Бобан-Малдини не се снајде добро со Газидис, и дека е крај на соработката потврдува тоа што легендарните фудбалери денес беа во Миланел за да се збогуваат со играчите и персоналот.

„Тие им ја објаснаа ситуацијата и им рекоа да заминат“, пишуваат на Апенините.

Газидис, наводно, веќе има „свои“ директори, а исто така е решен да го замени германскиот Ралф Рањик со Стефан Пиоли.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.