SportM
Фудбал

Бобан ја напушта ФИФА поради Милан

Д М14 јун 2019
Бобан ја напушта ФИФА поради Милан

Заменик генералниот секретар на ФИФА Звонимир Бобан заминува од светстката фудбалска федерација поради ангажман во италијанскиот клуб Милан.

Хрватската фудбалска легенда ќе биде новиот генерален фудбалски секретар на клубот во кој долго време играше активно како фудбалер, а новиот предизвик го прифатил од голема желба да му помогне на својот клуб и да го врати таму каде што му е местото.

– Многу ми е жал што ќе ја напуштам ФИФА, но таа одлука ја донесов следејќи го своето срце и страст, како што тоа го правев кога го прифатив предизвикот и се приклучив на ФИФА. Милан е моето семејство, а градот Милано и државата Италија се мојот дом, изјави Бобан.

Инаку, 50-годишниот Хрват досегашната функција во ФИФА ја вршеше од 2016 година, а бил вклучен во многу реформи кои ќе остават трага во историјата на фудбалот и помогнале да се врати нарушениот имиџ на оваа фудбалска организација.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.