Други спортови
Бодибилдерот „азиско чудовиште“ ја претепал жената, па се огласи од затвор: Слабеам и тоа ме уништува
Познатиот јужнокорејски бодибилдер Хуанг Жешун, попознат по прекарот „Азиско чудовиште“, ги загуби мускулите откако беше затворен затоа што ја претепа жената на паркинг, а сега се огласи поради тоа.
Некогаш симбол на сила и решителност, Хуанг сега е оправдано зад решетки и се соочува со темни денови пред него. Овој страшен случај се случил во октомври минатата година во корејскиот град Јеосу, каде ја нападнал сопругата и ја оставил со скршени коски. Нападот предизвика неколкумесечно болничко лекување.
До инцидентот, Хуанг Жешун важеше за еден од најпопуларните азиски бодибилдери и фитнес тренери кои беа следени од повеќе од еден и пол милион фанови на социјалните мрежи. Но, по завршувањето на судскиот процес, тој во јули годинава беше осуден на една година затвор. Хуанг влегол во затворот со 120 килограми со изразени мускули, а сега се жали дека телото му се уништува. Се спореди себеси со пајак.
„Од ден на ден сум принуден да гледам како моето тело слабее. Рацете и нозете сега ми се тенки, стомакот ми е отечен како на пајак. Ме уништува и физички и психички. Чувството на понижување и празнина што ги носи оваа ситуација ќе ме измачува засекогаш“, напиша Хуанг во писмото што го испрати од затвор.
Тој, исто така, им се извини на сопругата и децата, ветувајќи дека ќе размисли за своите грешки и ќе стане подобра личност во затворот. Покрај тоа, тој ветил дека ќе престане да пуши и да пие алкохол за време на неговиот престој во затвор.