Фудбал
Болоња го совлада Милан и по 51 година го освои пехарот во Купот на Италија

Фудбалерите на Болоња се победници на Купот на Италија по точно 51 година.
Го победија Милан со 1:0 во финалето на „Олимпискиот стадион“ во Рим и по трет пат во историјата го освооја трофејот за победник на купот.
Тимот предводен од Виченцо Италијано обезбеди место во Лигата на Европа, додека Милан, кој моментално е на осмото место во Серија А, најверојатно ќе остане без место во меѓународните натпреварувања.