Интер не го затворил трансфер пазарот, црно-сините ќе го засилат нападот, две имиња на листата

Интер работи на последното засилување на трансфер пазарот пред 1 септември, крајниот рок за ова лето. И покрај интересот на Барселона за Лаутаро Мартинез, аргентинецот нема да го напушти тимот на црно-сините.
Сепак, тренерот Кристијан Киву бара ново засилување за напаѓачката линија. Тутоспорт известува дека двајца напаѓачи се на радарот на Интер: Јошуа Зиркзее и Федерико Киеза.
Холанѓанецот не е дел од проектот на Мајкл Керик и неговото заминување е неизбежно. За него има конкретен интерес и од Јувентус. Предлогот на Интер е позајмица со право на откуп.
Што се однесува до Федерико Киеза, не е прв пат неговото име да се поврзува со Интер. Самата желба на Италијанецот е да продолжи да остане во Ливерпул. Но, не се исклучува можноста за негово заминување, затоа што не е прв избор на Антони Ираола. И во овој случај, предлогот на Интер е позајмица со право на откуп.



