Само Меси и Роналдо го постигнале ова, Куртоа го брани својот соиграч

На прес-конференцијата пред дуелот со ПСВ, Тибо Куртоа изрази поддршка за својот соиграч Винисиус Жуниор, кој не поминува низ најдобриот момент.
Белгискиот голман истакна дека е тешко постојано да се одржува добра форма и да се биде секогаш „бр. 9“ или „бр. 10“. Според него, само два играчи го постигнале тоа – Кристијано Роналдо и Лео Меси.
„Ние си даваме поддршка еден на друг. Нема потреба за некој посебен третман или поголема блискост кон него. Винисиус Жуниор е самокритичен и знае дека треба да работи. Не можеш секогаш да бидеш „бр. 9“ или „бр. 10“. Само Меси или Кристијано успеале во тоа. Тоа е поврзано со менталната состојба. Го гледам како оживеан. Тој треба да се чувствува слободен, да го ужива својот фудбал. Кога игра така, тој е најдобар. Ако сакаме да бидеме конкурентни, ни треба Вини во неговата најдобра форма“, рече белгиецот.



