Connect with us

Фудбал

„Бомба“, Бојан Миовски на пат за Шпанија, ова се деталите од договорот со новиот клуб (ФОТО)

Викендов Миовски се прости од навивачите на Абердин, чии срца ги освои со одличните настапи во изминатите сезони. Сепак, македонскиот фудбалер прави чекор погоре во неговата кариера, ќе игра во шпанската Примера, но и во Лигата на шампионите. Негов следен клуб ќе биде минатогодишниот хит во Шпанија, тимот на Жирона, а според познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо, кој важи за добро информиран, Абердин ќе добие нешто повеќе од 8 милиони евра за Миовски. Македонскиот напаѓач имаше две одлични сезони во Шкотска, каде постигна по 16 голови во една натпреварувачка година. Во Абердин дојде од МТК Будимпешта, а претходно играше за Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница.