SportM
Фудбал

Мареска започнува „чистење“ во Манчестер Сити

SPORTM.mk21 авг 2026
Мареска започнува „чистење“ во Манчестер Сити

По заминувањето на Тијањи Рејндерс и Родри, Манчестер Сити се подготвува за уште една двојна продажба. Според The Athletic, Манчестер Сити добил понуда од 150 милиони евра од Тотенхем за двајца играчи: Савињо и Омар Мармуш.

Бразилецот и Египќанецот не се дел од проектот предводен од Енцо Мареска, па затоа може да заминат ова лето. Официјалните претставници на двата клуба работат на последните детали за финализирање на ова двојно преминување.

Понудата е следна: 100 милиони евра за Савињо и 50 милиони евра за Мармуш. Во случај на финализација на оваа двојна трансакција, Тотенхем ќе биде клубот со најголеми трошоци во оваа трансфер прозорец, околу 450 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.