Милан и Арсенал заинтересирани, Баерн очекува 30 милиони евра во јануарскиот трансфер период

И покрај тоа што е под договор до 2028 година, Ким Мин Џе може да го напушти Бајерн Минхен во јануарскиот трансфер период. Јужнокорејскиот фудбалер досега не ја оправда сумата од 50 милиони евра што беше платена за него во 2023 година на Наполи и секогаш беше втора опција за одбраната на Баварците.
Експертот за трансфери, Екрем Конур, открива дека за Ким Мин Џе постои конкретен интерес од најмалку пет познати клубови како Милан, Арсенал, Тотенхем, Астон Вила и Фенербахче. Сепак, Баерн очекува да заработи не помалку од 30 милиони евра од продажбата на 30-годишникот.
Се уште не е познато дали во случај на заминување на Јужнокорејцот, Баерн ќе интервенира на трансфер пазарот за да ангажира нов централен одбранбен играч или ќе продолжи да се потпира на постоечкиот состав, барем до крајот на сезоната.



