Финалето на Лигата на шампионите во 2028 ќе се одржи на „Алијанц Арена“, претседателот на Баерн открива дали ќе направат голем трансфер

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хаинер, во неодамнешно интервју за локалните медиуми истакна дека баварскиот клуб нема намера да троши големи суми само за да игра во финалето на Лигата на шампионите кое ќе се одржи во нивниот дом следната година.
„Постигнувањето на финалето на Лигата на шампионите на нашиот стадион би било извонредно достигнување. Сепак, сигурно нема да инвестираме милиони само за тој ден, или дури и за таа сезона“, рече на почетокот Хајнер.
„Постојат клубови во Европа кои едноставно имаат повеќе пари на располагање. Затоа, ние мора да бидеме попаметни и подобри од другите“, додаде претседателот на Баерн.
Тој ги спомена доаѓањата на Хари Кејн, Мајкл Олисе и Луис Диас како примери за три исклучително сложени договори, кои тој веќе ги смета за вистински успеси.
„Ангажирањето на овие тројца играчи беше голем предизвик, но тие се докажаа како вистински успеси“, додаде Хајнер.



