Го одбив Јувентус поради нешто што ми рече Станковиќ

Во неодамнешно интервју за Il Corriere della Sera, Андреа Ранокија ги сподели своите убави и тешки моменти поминати во Интер. Поранешниот капитен откри една интересна ситуација од 2024 година, кога Јувентус го побарал.
“Освојувањето на титулата во Серија А во 2021 година го затвори мојот циклус во Интер на најдобар можен начин. Таа сезона, кога ја освоивме титулата, ги сумираше сите мои искуства: од тешкотиите до моето силно враќање.
Во тие моменти, се присетив на нешто што ми кажа Дејан Станковиќ години претходно. Во 2014 година, Јувентус имаше интерес за мене. Тогаш разговарав со Киву, Матераци и, секако, со Деки (Дејан Станковиќ), кој ми рече: ‘Во Торино можеш да освоиш 10 титули во Серија А, но клубот ќе биде тој што ги освоил. Ако освоиш титула со Интер, ќе те паметат засекогаш’. Тој беше во право”, откри Ранокија.
Поврзано
Поврзани вести

Милан и Арсенал заинтересирани, Баерн очекува 30 милиони евра во јануарскиот трансфер период

Финалето на Лигата на шампионите во 2028 ќе се одржи на „Алијанц Арена“, претседателот на Баерн открива дали ќе направат голем трансфер

