Connect with us

Фудбал

Бомба на островот: Клоп оди во Лондон да реализира „тежок“ трансфер од речиси 100 милиони евра

Во Англија можевме да видиме интересен трансфер оваа зима.

Јирген Клоп е голем фан на Букаја Сака (20) на напаѓачот на Арсенал, а „Мирор“ утрово ја пренесува веста дека германскиот стручњак полека ја одмерува ситуацијата и можноста Сака во јануари да биде жител на Енфилд.

„Црвените“ еден месец ќе бидат без услугите на Мохамед Салах и Садио Мане кои одат на Купот на африканските нации. Ориги и Минамино не се фудбалери на кои Клоп може целосно да се потпре, бидејќи тие се покажаа како одлични џокери, а Фирмино е далеку од вистинската форма, па Јота е единствениот кој му дава сигурност на Клоп во фазата на напад кога Мане и Салах се далеку.

Сака е крилен напаѓач, но би се вклопил во филозофијата на играта на Клоп, но Топџиите сигурно ќе бараат добри пари, доколку воопшто ја разгледаат понудата за овој трансфер. Сака има вредност од 65 милиони евра, договор со Арсенал до 2024 година и тешко дека Ливерпул би отишол под 80-90 милиони евра.

Споменатиот фудбалер одигра 31 натпревар за помладите селекции на Англија и постигна седум гола, а за „А“ репрезентацијата на Англија веќе има забележано 14 настапи со четири гола иако има само 20 години.

Оваа сезона за „топчиите“ одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна шест гола и забележа четири асистенции.

Овие шпекулации ни гарантираат интересен јануари на Островот, а ова не е првпат Ливерпул да купува од Арсенал, со оглед на тоа што Окслејд-Чембрлејн летото 2017 година се пресели од Арсенал во Ливерпул.

Реклама

Facebook

Реклама