Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Шпанија: Марио Манџукиќ на мета на Барселона?

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ претходните денови беше поврзуван со московски Локомотив, но од Шпанија пристигнува „бомба“, која ги изненади сите.

Имено, Манџукиќ веќе некое време е слободен играч откако го напушти катарскиот Ал Духаил. Искусниот напаѓач се поврза со многу клубови, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Иако многу спортски медиуми објавија дека Манџукиќ кариерата ќе ја продолжи во московскиот Локомотив пред неколку часа, каталонски Спорт ги изненади сите со своите тврдења.

Имено, Спорт објави дека Барселона покажала интерес за Манџукиќ, кој остана без напаѓач со заминувањето на Луис Суарез. Нивна желба е Лаутаро Мартинез, но поради финансиската состојба тешко дека ќе можат да го донесат Аргентинецот.

Затоа Куман побара доаѓање на поискусен и класичен напаѓач кој би се вклопил во неговите идеи. Спорт пишува дека во игра е и Манџукиќ, кој веќе го контактираа Каталонците.

Сепак, овој 34-годишник очигледно договори се со Локомотив, што може да биде проблем за Барселона. Доколку не успеат да го донесат и Манџукиќ, тогаш Кристијан Стуани од Жирона најверојатно ќе заврши на „Камп Ноу“.