Бомба од Шпанија: Во јануари се враќа Златан Ибрахимовиќ?
Д М22 окт 2018

Популарното шпанското радио „Cadena Cope“ ексклузивно објави дека Реал Мадрид во јануари ќе се обиде да го донесе Златан Ибрахимовиќ.
По заминувањето на Роналдо во Јувентус, кралевите имаат многу проблеми со реализацијата, а се наведува дека искусен напаѓач ќе биде вистинското решение.
На Ибрахимовиќ одлично му оди во МЛС, а лидерите на Реал можат да се радуваат што Ибрахимовиќ ќе стане слободен фудбалер и нема да мора да платат надоместок.
Ибрахимовиќ веќе има настапено во Шпанија, но во редовите на лутиот ривал на Реал, Барселона.
Потоа ги носеше дресовите на Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, а потоа се пресели во МЛС, каде што не престана да ги восхитува навивачите со брилијантните потези и ефективните погодоци.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



