Connect with us

Фудбал

Бонучи беше исвиркан на „Сан Сиро“: „Идиоти…“

На „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано, Италија и Португалија одиграа без голови во Лигата на нациите.

Италијанците повторно останаа без победа, иако доминираа во добар дел од натпреварот против селекцијата на Португалија.

„Сакавме да бидеме најдобари, имавме одлично прво полувреме и две или три шанси што би можеле да ни донесат победа. По полувремето, Португалија тактички промени некои работи и успеа да ги блокира нашите креативен нафрлувања. Моравме да биде малку повеќе одлучувачки во нападот“, изјави Леонардо Бонучи.

Не можеше, а да не ги прокоментира оние кои во Милано не ја пропуштија можност да го исвиркаат, а се разбира, поради тоа што само по една сезона одлучи да го напушти Милан и да се врати во Јувентус.

„Секогаш се идиоти. Имам доверба од моите соиграчи и тренерот, тоа е најважно“, рече Бонучи.