Фудбал
Борусија Менхенгладбах, Лион, Панатинаикос со интерес за македонскиот напаѓач!
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер го предводеше Тун до сензационалната шампионската титула во Швајцарија и сега би можел да го направи следниот чекор во кариерата, односно да се пресели во Бундеслигата. Напаѓачот со 15 голови и шест асистенции го однесе својот тим до титулата, а сега се наоѓа на радарот на повеќе клубови.

Од Бундеслигата интерес покажуваат Хамбургер и Борусија Менхенгладбах, додека конкуренција има и од Лион од Франција и Панатинаикос од Грција.
24-годишниот македонски фудбалер е член на Тун од летото 2024 година, а неговиот договор важи до 2027 година. Во изминатата сезона центарфорот забележа повеќе од 30 настапи и прерасна во најважниот офанзивен играч на изненадувачкиот шампион на Швајцарија.