Борусија најде замена за Халер во Серија А, трансферот е пред реализација

Германскиот клуб Борусија Дортмунд беше принуден итно да реагира по здравствените проблеми на Себастиен Халер.
Халер пристигна летово од Ајакс за 31 милион евра, но во меѓувреме на напаѓачот му беше дијагностициран тумор на тестисите, поради што мора да оди на хемотерапија и ќе пропушти неколку месеци.
Халер дојде во Дортмунд како наследник на Ерлинг Халанд, но одборот на Милионерите сега е принуден да најде нов напаѓач.
Иако во оптек беа неколку имиња, се споменуваше и Един Џеко, на крајот изборот падна на Џовани Симеоне (27).
Постариот син на Диего Симеоне наскоро ќе стане нов член на БВБ, иако него сакаше да го доведе и Јувентус на кој му е потребна замена за Душан Влаховиќ.
Симеоне минатата сезона имаше 17 гола и пет асистенции во Серија А и беше четврти стрелец во лигата. Аргентинецот моментално е член на Верона која го донесе од Каљари, а претходно настапуваше за Фиорентина, Џенова, Банфилд и Ривер Плата.



