SportM
Фудбал

Борусија веќе најде замена за Халанд, свесни дека Норвежанецот не можат да го задржат

Д М3 јул 2021
Борусија веќе најде замена за Халанд, свесни дека Норвежанецот не можат да го задржат

Во Дортмунд тие се помируваат со фактот дека Ерлинг Халанд ќе го напушти клубот најдоцна следното лето (2022 година) и дека ќе засили некои од најголемите европски клубови.

Самата Борусија е една од великаните на европскиот фудбал, но реалноста е дека Дортмунд не може економски да се справи со клубови како Реал, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити … Затоа, тие се свесни дека ќе го загубат Халанд, кој ќе остане само уште една сезона, па сакаат да се обезбедат со доведување на неговиот наследник.

Изгледа дека го нашле во Холандија. Ова е одличен напаѓач на ПСВ, Дониел Мален, кој исто така е член на холандската репрезентација. Тој има договор со ПСВ до летото 2024 година, но во Ајндховен уште порано признаа дека им е јасно дека првата вистинска понуда ќе биде доволна за продажба на овој напаѓач.

Неговата пазарна вредност се проценува на околу 30 милиони евра, а Борусија нема да има проблем да ја плати таа сума. На крајот на краиштата, со продажбата на Санчо тие веќе имаат стекнато околу 85 милиони евра, така што имаат можност за добар шопинг ова лето.

22-годишниот Мален одигра 81 натпревар за ПСВ во Холандија и постигна 40 гола со 18 асистенции. Во сезоната зад нас, тој постигна 27 голови и забележа 10 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.