Босанец потпиша за МЗТ Скопје!

Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје Аеродром во овој летен преоден рок. Тој денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб.
Станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната.
Кошаркарската кариера ја почна во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до 2024 година, а потоа направи трансфер во Промо. Минатата сезона ја мина во дресот на словенечкиот прволигаш Златорог Лашко, каде што повторно имаше одличен ефект со просек од 12,5 поени и 7,1 скок.
Емир Крајиниќ е вториот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, а екипата ја очекуваат настапи во ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата, домашната Суперлига и домашниот куп.



