Босна водеше против Канада, ама не издржа, САД го прегази Парагвај

Воведниот натпревар во групата Б на Светското првенство меѓу домаќинот Канада и Босна и Херцеговина заврши нерешено 1-1 (0-1).
Босна и Херцеговина поведе во 21. минута кога Јово Лукиќ со глава од непосредна близина го совлада канадскиот голман.
БиХ го одржуваше водството до 79. минута, кога Сајл Ларин им донесе израмнување на Канаѓаните.
За Канада ова беше историски прв бод на светските првенства.
Воведното коло во групата Б ќе го комплетираат Швајцарија и Катар, в сабота со почеток во 21 часот.
Во второто коло се среќаваат Швајцарија – БиХ и Канада – Катар.
Соединетите Американски Држави не можеа да посакаат подобар почеток на Светското првенство, откако рано изутринава пред своите гледачи во Лос Анџелес го совладаа Парагвај со 4-1 во натпревар од групата Д.
Домаќините имаа одличен почеток, поведувајќи во седмата минута преку автогол на Дамијан Бобадиља. По половина час игра, веќе беше 2-0, а стрелец беше Балогун. Истиот играч го постигна и третиот гол во самиот финиш од првото полувреме, и со тоа стана првиот Американец од 1930 година кој постигнал два гола во првото полувреме на натпревар на Светското првенство.
Во второто полувреме, САД мирно ја задржа предноста. Парагвај го намали резултатот во 73. минута со голот на Маурисио, но Џовани Рејна длабоко во судиското продолжение стави печат на победата на Американците.
Во вториот натпревар од воведното коло во оваа група ќе играат Австралија и Турција.



