По поразот во „Ел Класико“, Барселона со уште една лоша вест, нова главоболка за Флик

Барселона беше принудена да изврши принудна измена синоќа на „Ел Класико“, во 30-тата минута, откако Чави Еспарт го напушти теренот по судир со Орелиен Чуамени.
Повредата на младиот дефанзивец се покажа како посериозна од првичните проценки и тој се очекува да се врати на терените на почетокот на 2027 година.
„Анализите потврдија дека Чави Еспарт има повреда на скочниот зглоб на десната нога, како резултат на судир со противнички играч во натпреварот против Реал Мадрид. Играчот ќе биде надвор од теренот околу седум недели“, се наведува во официјалното соопштение на каталонскиот клуб.
По отсутностите на Жил Кунде, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Дани Олмо, на списокот се додава и Чави Еспарт, што го става тренерот Ханси Флик во многу тешка позиција, особено во неговите одлуки за одбрана.



