SportM
Фудбал

„Им реков ‘не’ на сите“ – Напаѓачот кој ги одби ПСЖ, Арсенал и Барселона

SPORTM.mk26 окт 2026
„Им реков ‘не’ на сите“ – Напаѓачот кој ги одби ПСЖ, Арсенал и Барселона

По последната победа на Атлетик Билбао со 4-0 против Хетафе, главната ѕвезда на баскискиот тим, Нико Вилијамс, повторно потврди дека имал многу можности да го напушти клубот во текот на последните три летни трансфер периоди.

„Никогаш не се двоумев дека сакам да останам тука. Без разлика дали беше Барселона или други клубови како ПСЖ, Арсенал и многу други, им реков ‘не’ на сите за да останам овде“, изјави Вилијамс.

Јавната изјава на светскиот шампион доаѓа во моментот кога имаше неколку внатрешни триења поврзани со неговиот агент, Феликс Таинта, кој неодамна сугерираше дека преговорите со Барселона биле во напредна фаза за време на летото 2024 година, укажувајќи дека недостатокот на гаранции за регистрација на играчот од страна на каталонскиот клуб ја прекинале зделката. Сепак, Вилијамс брзо го објасни дека конечната одлука ја донел лично тој и неговиот тесен круг.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.