SportM
Ракомет

Браво момци, Македонија е горда со вас! Падна и големата Франција, ракометните надежи со победа го завршија ЕП

Редакција21 јул 2024
Браво момци, Македонија е горда со вас! Падна и големата Франција, ракометните надежи со победа го завршија ЕП
Младинската машка репрезентација со победа го заврши настапот на Men’s 20 EHF EURO 2024. Денес во СС „Головец“ во Целје, Словенија, нашата младинска селекција славеше победа против селекција на Франција со резултат 29:30 и настапот на ЕП го заврши на 9-тото место во директната пресметка со Французите. Херој на селекцијата е голманот Галевски кој во последната секунда одбрани пенал. Македонските ракометни надежи ЕП во Словенија го завршуваат со навистина одличен учинок. Имаат само еден пораз, токму од Франција пред неколку дена, четири победи и две нерешени средби, и на крајот 9-то освоено место.
Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.