SportM
Ракомет

РФМ со реакција до Грците за неправилната кратенка НМКД

Редакција8 ное 2026
РФМ со реакција до Грците за неправилната кратенка НМКД

За време на директниот пренос од ракометнкиот натпревар меѓу грчките и македонските ракометни репрезентации, на графиката стоеше кратенка NMKD. Од РФМ има реакција, која ја обкавуваме во целост:

Ракометната федерација на Македонија ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција, во врска со употребата на несоодветната кратенка за нашата држава за време на телевизискиот пренос од денешниот натпревар меѓу Македонија и Грција.

Ракометната федерација на Македонија смета дека ваквите пропусти се неприфатливи и очекува соодветна реакција од надлежните институции, како и преземање мерки за спречување на слични ситуации во иднина, се вели во објавата на РФМ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.