Бразил, Мексико или Саудиска Арабија: Каде ќе оди Суарез?

Уругвајскиот ветеран Луис Суарез е во потрага по нов клуб по краткиот престој во Национал од Монтевидео и исполнувањето на детскиот сон. По Мудијалот и разочарувачкиот настап на јужноамериканската селекција, 35-годишниот стрелец е во потрага по нова работа, а има опции од различни делови на светот.
Суарез навести дека би сакал да се врати во Европа, се шпекулираше дека некои од МЛС тимовите се заинтересирани за него, но напаѓачот склон кон гризнувања доби конкретна понуда од бразилски Гремио.
Потпретседателот на тимот на Порто Алегре, Пауло Калефи, изјави дека раководството на клубот преговара со претставниците на Суарез, кој во јануари ќе наполни 36 години и јавно кажа дека би сакал да игра барем уште една година.
Од друга страна, шпански „Мундо Депортиво“ пренесува дека саудискиот Ал Калиј на поранешниот ас на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетик му испратил понуда од шест милиони долари за следните 18 месеци.
Во контакт со Суарез бил и Мексиканецот Круз Азул.
Leo Messi and Luis Suarez pic.twitter.com/KUcMhD3vFC
— We Are Messi 🔟 (@WeAreMessi) December 24, 2022
Во преговори сме со Суарез и намерата ни е да го донесеме во тимот“, изјави неколку дена претходно претседателот на клубот од Мексико Сити, Виктор Веласкез.
Засега се чини дека Гремио е најверојатната опција, а некои европски медиуми објавија дека еден од најдобрите стрелци на 21 век постигнал вербален договор со тимот од бразилската држава Рио Гранде до Сул. Останува да се чека официјална понуда за тоа каде легендарниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата.



