SportM
Фудбал

Бразилските фудбалери ја освоија титулата олимписки шампиони

Д М7 авг 2021
Бразилските фудбалери ја освоија титулата олимписки шампиони

Бразилските фудбалери го освоија олимпиското злато.

Во последниот дуел од Олимписките игри во Токио, Бразилците ја победија Шпанија со 2:1 по продолжението.

Бразилците поведоа со 1:0 во втората минута од надоместот на судијата од првото полувреме со голот на Куња, а претходно Ричарлисон промаши пенал.

Орајзабал израмни за Шпанците во 61. минута со асистенција на Солер.

Натпреварот помина во продолженија, а славјето за Бразилците и олимпиското злато го донесе Малко со гол во 108 -та минута, асистент беше Ентони.

Бронзениот медал на Олимпискиот турнир во Токио им припадна на фудбалерите од Мексико, кои во мечот за третото место го совладаа домаќинот Јапонија со 1:3.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.