SportM
Фудбал

Бројот на Мане во Баерн е апсолутно изненадување

Д М27 јун 2022
Бројот на Мане во Баерн е апсолутно изненадување

Сенегалецот Садио Мане кариерата ја продолжува во дресот на Баерн Минхен.

Мане во Минхен доаѓа од редовите на Ливерпул, каде се профилираше како еден од најдобрите офанзивци на денешницата, а со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите, но и англиското првенство.

“Пресреќен сум што конечно сум во Баерн. Разговаравме многу пати и чувствував дека ме сакаат. Затоа немаше дилема каде ќе играм. Ова е вистинско време за нови предизвици во кариерата. Сакам да постигнам големи резултати со Баерн“, изјави Сенегалецот.фудбалер.

 

Тој доаѓа како големо засилување на Алијанц Арената, но еден детал ги изненади сите навивачи на Баерн.

 

Имено, Мане во Баерн ќе го носи бројот 17 на дресот.

Ова секако ги изненади сите, многумина очекуваа бројка што ќе ја носат најдобрите напаѓачи на денешницата.

 

Во Ливерпул го носеше бројот 10, а во Салцбург 21, додека на почетокот на кариерата во Мецуо го носеше бројот 33.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.