SportM
Фудбал

Бруно Фернандеш: Подготвен сум повторно да изведувам пенали

Д М26 сеп 2021
Бруно Фернандеш: Подготвен сум повторно да изведувам пенали

Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш беше трагичар на Манчестер Јунајтед во саботата против Астон Вила.

Фернандеш ја презеде одговорноста за изведување на пеналот по продолжение, но тој шутираше очајно – над голот, а менаџерот Оле Гунар Солскјер по натпреварот рече дека веќе одлучил кој ќе биде изведувачот на најстрогите казни.

Многумина се прашуваат зошто во тој момент Фернандеш не му дозволи на својот сонародник Кристијано Роналдо да го изведе пеналот.

„Никој не е поразочаран од мене поради поразот и промашениот пенал. Отсекогаш прифаќав обврски, живеев моменти под ваков притисок, но сега – не успеав. За разлика од многу пати порано, кога топката заврши во мрежата, денес тоа не се случи “, рече Фернандеш, додавајќи:

“Свесен сум за критиките што следуваат и како професионалец целосно ја прифаќам. Секогаш давам се од себе и така ќе остане, и ќе се вратам посилен и кога е потребно повторно ќе го изведам пеналот и ќе постигнам гол. Благодарам за вашата поддршка по последниот свиреж, многу емотивно да ве слушам како го скандирате моето име на крајот од натпреварот“.

„Црвените ѓаволи“ ја пропуштија шансата за победа на врвот на табелата, сега се само на четвртото место зад Сити, Челзи и Евертон.

Генерално, ова не е многу добар период за Јунајтед, бидејќи неодамна беа поразени од Јанг Бојс во Лигата на шампионите, додека Вест Хем ги исфрли од Лига купот пред неколку дена по победата од 1:0 на „Олд Трафорд“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.