Бруно Фернандеш: Примањето 4 гола не е добро, против Велс да се вратиме нa победите!

Иако Португалија веќе го обезбеди првото место во својата група во Лигата на нации, поразот од 4-1 на домашен терен против Данска е големо разочарување за лузитанците, особено по заминувањето на Кристијано Роналдо од репрезентацијата.
Играчот од средниот ред, Бруно Фернандеш, сака да го остави зад себе овој пораз и да се фокусира на следниот предизвик против Велс: „Тоа беше комплициран натпревар. Малку си ја отежнавме работата, затоа што не успеавме да го спроведеме тоа што го планиравме.“
„Ни недостасуваше завршница, требаше да бидеме попрецизни во тие моменти“, додаде Фернандеш, кој истакна дека Португалија има за цел да го одбрани првото место во следниот натпревар. „Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто против Велс.“
„Не треба сè да се фрла во вода по тој пораз, исто како што не беше сè совршено кога победувавме. Негативната страна е што примивме 4 гола. Тоа не е наш стандард. Нашата цел е да ја задржиме мрежата недопрена и да постигнеме што повеќе голови“, рече Бруно Фернандеш.



