SportM
Фудбал

Погледнете како Англија ја совлада Шпанија среде Мадрид (ВИДЕО)

SPORTM.mk16 ное 2026
Погледнете како Англија ја совлада Шпанија среде Мадрид (ВИДЕО)

Како што се очекуваше, дуелот меѓу Шпанија и Англија на „Ванда Метрополитано“ беше спектакуларен. На крајот, Англија победи со 2-3, нанесувајќи и’ го првиот пораз на Шпанија по долго време.

Натпреварот се отвори во 44-та минута, кога Хари Кејн прецизно стрелаше од белата точка, откако самиот изнуди пенал по прекршокот од Кубарси. Во 53-та минута, Конса постигна гол со глава за Англичаните, по центаршутот на Деклан Рајс од корнер.

Во 57-та минута, со совршена комбинација Кејн-Белингем, последниот асистираше за Вајт, кој ја испрати топката во мрежата. Сепак, Шпанците не се предадоа. Во 63-та минута, Андерсон доби црвен картон поради прекршокот во казнениот простор врз Ламин Јамал. Пенал за Шпанија, Микел Ојарзабал биеше успешно и постигна гол.

Во 75-та минута, Нико Вилијамс го постигна вториот гол за Шпанија, по асистенција од Ламин Јамал. Конечно, резултатот беше 2-3.

ГЛЕДАЈТЕ ГОЛОВИ

Во другиот натпревар од оваа група, Хрватска победи над Реп. Чешка со 2-1. Англија и Шпанија се на челните две места со по 15 бодови и се пласираат во четвртфиналето.

Хрватска со 6 бодови и Реп. Чешка ќе ја чекаат конечната распределба во Лига А за да дознаат дали остануваат во оваа лига или ќе играат во плеј-офот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.