SportM
Фудбал

Бугарија ја искористи предноста од играч повеќе и слави во Скопје минимална победа

Д М26 сеп 2022
Бугарија ја искористи предноста од играч повеќе и слави во Скопје минимална победа

Македонската фудбалска репрезентација вечерва беше поразена на домашен терен од репрезентацијата на Бугарија. Нашата репрезентција уште на почетокот од натпреварот остана со играч помалку, а противникот го искористи тоа и издвојува минимална победа од 0:1.

Рисовите одлично го започнаа натпреварот, ја имаа контролата над топката, се обидоа да дојдат до рано водство, но тоа се поремети во 14. минута кога судијата го исклучи Тодоровски.

Тодоровски со остар старт го фаулираше Попов, а судијата без двоумење му покажа директен црвен картон. Бугарија се обиде да ја искористи негативата од играч помалку на Македонија и да дојде до водство, но сепак Димитриевски беше сигурен на голот и резултатот на полувремето остана 0:0.

Бедемот на Македонија попушти во 50. минута од натпреварот. Кирилов одлилно го проигра Десподов кој остана еден на еден со Димитриевски и лесно го совлада за 0:1.

Бугарите имаа уште неколку одлични шански, но сепак не успеаа да дојдат до втор гол.

Нашата репрезентација во финишот на натпреварот се обиде да го изедначи резултатот преку Барди, Алиоски и Елмас кои имаа одлични шанси за гол, но сепак среќата не беше на нивна страна и резултатот остана 0:1.

Македонија оваа сезона ја заврши на третото место во групата од Лигата на Нации со 7 освоени бодови.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.