Connect with us

Фудбал

Бугарската федерација го прифати барањето, Лудогорец нема да игра домашни мечеви пред реваншот со Шкендија!

Бугарската фудбалска федерација го прифати барањето на Лудогорец за одложување на прволигашкиот дуел против Берое пред реваншот против Шкендија во плејофот за групната во Лига Европа.

Лудогорец требаше в понеделник да му гостува на Берое во рамки на 6 коло од бугарското првенство.

„Лудогорец има важен реванш натпревар од плејофот на Лигата на Европа против македонската Шкендија на 28 август во Разград, во кој мора да надомести негатива од 1:2 од првиот натпревар синоќа во Скопје за да влезе во групната фаза од Лига Европа“, пренесува денеска агенцијата БТА.

Од својата страна, Шкендија не побара одложување на обврските во домашното првенство и в недела во Тетово ќе го пречека Арсими во рамки на 3 коло пред реваншот против Лудогорец на 28 август во Разград