SportM
Фудбал

Бугарскиот премиер бара оставка од шефот на фудбалскиот сојуз по расистичкиот скандал

Д М15 окт 2019
Бугарскиот премиер бара оставка од шефот на фудбалскиот сојуз по расистичкиот скандал

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го повика претседателот на Државниот фудбалски сојуз, Борислав Михајлов, да поднесе оставка по расистичката злоупотреба на бугарските навивачи против фудбалерите на Англија за време на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020.

Натпреварот, кој заврши со резултат 6-0 во корист на Англичаните, беше привремено запрен од судиите за прекршувања од страна на навивачите на националниот стадион во Бугарија.

„Го повикувам Борислав Михајлов веднаш да се повлече од функцијата претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз!“

„Неприфатливо е Бугарија, која е една од најтолерантните држави во светот и луѓе со различна етничка припадност и религија кој живеат во мир, да бидат поврзани со расизам и ксенофобија“, се вели во изјавата на бугарскиот премиер.

Претходно, бугарскиот министер за спорт, Красен Кралев изјави дека владата ќе ги прекине односите со Бугарскиот фудбалски сојуз, вклучително и финансиски врски.

Но, од минис терството за спорт досега не ја коментираа оваа ситуација.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.