SportM
Фудбал

БУМ – Бензема сам себе си подари пензија за роденден!

Д М19 дек 2022
БУМ – Бензема сам себе си подари пензија за роденден!

Најдобриот светски фудбалер за 2022 година, Карим Бензема се прости од настапот за француската репрезентација.

Ако имаше заднина за неговото заминување од репрезентацијата на само два дена пред почетокот на Мундијалот, тоа стануваше се појасно како одминуваше Мундијалот. Не сакаше ни да дојде на финалниот меч иако беше повикан, па можеше да се предвиди дека ќе има рез.

Карим Бензема повеќе нема да игра за француската репрезентација, објави тој на социјалните мрежи.

„Се обидов да ги поправам грешките што беа потребни за да ги поправам за да бидам таму каде што сум денес и горд сум на тоа. Ја напишав мојата приказна, а нашата завршува тука“, рече Бензема.

Напаѓачот на Реал, се наведува, го пропуштил Мундијалот поради повреда, но зад сето тоа се крие лошиот однос со тренерот Дидие Дешамп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema)

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.